[ФОТО/ВИДЕО] Спроведено истражување: Зошто реките во Алјаска стануваат портокалови?

Точка

28/05/2024

08:08

3.527

Големина на фонт

а а а

Во последниве години, реките во Алјаска, наместо да бидат сини или темно зелени, стануваат портокалови. Откако ова за првпат беше забележано во 2018 година, а феноменот и понатаму продолжува.

Во истражувањето објавено во списанието „Communications: Earth&Environment“, научниците сугерираат дека причината за промената на бојата на реката се климатските промени, а сателитски снимки уште во 2008 година потврдија дека одредени водни патишта се менуваат од бистро сини во портокалови.

Екологот Џон О'Донел опишува дека на некои места водите изгледаат како млечен сок од портокал.

Арктикот се загрева, а неговиот вечен мраз се топи. Кога тоа ќе се случи, киселините и металите, цинкот, никелот, бакарот, кадмиумот, железото и алуминиумот се ослободуваат од лабавата почва, а поради атмосферските влијанија, тие се изложени на вода и кислород.


Процесот предизвикува металите, особено железото, суштински да 'рѓаат, обоувајќи ги реките во матна портокалово-кафеава боја на 'рѓа, објаснува студијата.


Идентификувани се 75 реки и потоци кои станаа портокалови преку речиси 1.000 километри водни патишта во опсегот Брукс во северна Алјаска.

Некои се обоени толку длабоко што нивната боја е видлива од вселената.


На многу реки на Алјаска веќе им недостасува лосос поради зголемените температури на водата и други фактори, а тоа влијае и на домородните заедници и нивниот опстанок.

Топењето на вечниот мраз е исто така поврзано со ослободување на долго замрзнати вируси и огромни количини на складиран јаглерод. Во некои области, топењето го дестабилизираше тлото, а поместувањето на земјиното тло предизвикува проблеми бидејќи влијае на инфраструктурата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг