3 причини зошто жените се разведуваат на 40 и повеќе години: Дури кога ќе почнат да стареат сфаќаат една важна работа

Точка

27/05/2024

21:22

28.218

Големина на фонт

а а а

Несогласувањата, кавгите и разочарувањата во текот на заедничкиот живот, за жал не се ретка ситуација.

Многу од паровите не можат да се изборат со своите проблеми и одлучуваат да се разведат. Според некои статистички податоци најголем број од луѓето се разведуваат пред да навршат 40 години.

Кога сме млади, често имаме чувство дека кога ќе се приближиме до 40-тата година, сакаме стабилност во својот семеен живот, вклучувајќи ја и љубовта.


40 години живот се чинат како доволно време да пронајдеме животен партнер со којшто сакаме да го поминеме останатиот дел од животот. Без оглед на тие очекувања, разводите често се случуваат во 40-тите години.

Од каде желбата за развод во тој животен период, особено кај жените?

Една од причините може да биде таа што жената можеби се обидувала да ги поднесе несредените односи и сфатила дека повеќе не може да направи ништо. Можеби се доволно млади да продолжат понатаму и да најдат некој нов партнер.

Никој не сака да ја помине староста во самотија, па 40-тите можат да бидат критично време за жената да ја напушти врската или бракот во којшто не е среќна.

Втората причина може да биде желбата за пробување на нешто ново. Може да се чини чудно некој да сака да започне нешто ново во тие години, но треба да се размисли и на тоа. Можеби жената била спречена да се посвети на нешто што го сака, без оглед на тоа дали станувало збор за кариерата или работата.

Многу од мажите се против тоа жената да работи или да има сопствена кариера, особено во браковите кои се склопени во раните години.


Третата причина може да биде спознанието дека личноста со која сте во врска не е вистинската за вас. Не сите жени кои имаат 40 години и кои се разведуваат, претходно биле во друг брак. Некои можеби ја запознале својата сродна душа во текот на 35-те години од животот, а сега во 40-тите сфаќаат дека таа личност сепак не е онаа вистинската за нив. Важно е да се спомне дека за некои работи потребно е време за подобро да ги разбереме и потребна е зрелост за да ги сфатиме на вистински начин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг