„Паметните телефони го уништија човештвото“: Славната пејачка признала дека таа и нејзиниот сопруг си ги контролираат телефоните, на децата им ги одзела

Точка

27/05/2024

14:05

2.507

Големина на фонт

а а а

Пејачката Лили Ален признала дека со нејзиниот сопруг Дејвид Харбор меѓусебно контролираат кои апликации ги користат на своите мобилни телефони. Славната двојка го склопила овој необичен договор за да го намали времето што го поминуваат гледајќи ги содржините на социјалните мрежи.

„Сега имам детски телефон наречен „Pinwheel“. Нема можност за интернет пребарување и употреба на социјални мрежи, но сепак можете да имате „Uber“ или „Spotify“. Мојот сопруг е одговорен за тој телефон, па тој контролира што ми е дозволено да имам како апликации на телефонот. Важи и обратното односно јас го контролирам неговиот телефон“, призна Лили Ален во интервју за „Sunday Times“.


Познатата 39-годишна музичарка истакна дека жали што паметните телефони „го уништија човештвото како вид“ и додава дека овие уреди лошо влијаеле на нејзината креативност.

Лили исто така неодамна откри дека им ги одзела телефоните на нејзините ќерки, Етел (12) и Марна (11), откако прочитала книга во која се тврди дека децата не треба да ги користат додека не наполнат 14 години.

„Паметните телефони ја уништија креативната страна на мојот мозок. Се чувствувам како сите да се чувствуваат исто. Не познавам некој што може да каже дека квалитетот на неговиот живот е подобар поради постоењето на паметните телефони. Мислам дека тоа нè уништи како вид. Ужасно е што се креирани да создаваат толкава зависност, некои од нас имаат личност која е повеќе подложна кон зависност од останатите. Тоа е зло“, вели Лили.


Пејачката е фрустрирана и од фактот што социјалните мрежи можат да се користат со цел некој да се осуди и дискриминира врз основа на изјава или коментар кој го дал во далечното минато.

„Тоа е неприродно. Мислам дека како човечки суштества не треба да споделуваме некоја идеја или мислење и тие да бидат секогаш исти. Нам нѝ е судено да се развиваме како луѓе. Како да го правите тоа кога секогаш се сметате за одговорни за нештата кои сте ги кажале во минатото? Тоа го реков пред 20 години, кога бев сосема поинаква личност, не бев мажена, немав деца. Секако, имав потполно поинаков поглед кон светот. Не ме држете за тогашниот збор“, заклучила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг