Откриени најстарите вируси кај луѓете, кои постојат и денес: Одиграле улога во истребувањето на неандерталците

Точка

26/05/2024

14:10

17.939

Големина на фонт

а а а

Неандерталците кои живееле пред 50.000 години биле заразени со три вируси кои и денес ги напаѓаат луѓето, откриле истражувачите.

. Ова се најстарите остатоци од човечки вируси кои некогаш биле откриени, а тие се постари од претходниот рекордер – вирус откриен во забите на бебе кое живеело пред 31.000 години, пишува „Лајвсаенс“ (LiveScience).

Научниците ги откриле овие вируси откако почнале да ги испитуваат секвенците на ДНК извлечени од скелетите на двајца неандерталци откриени во пештерата Чагирскаја, на планините Алтај во Русија. Неколку секвенци изгледале вирални, па ги споредиле со денешните вируси.


Така успеале да откријат дека нашите најблиски неандерталски роднини, кои се мешале со хомосапиенс пред истребување, имале инфекции со три вируси кои и денес се чести меѓу луѓето – аденовирус, херпес и хуман папиломавирус.

Во модерните времиња, аденовирусите можат да предизвикаат различни симптоми, како што се настинки и грип, болки во грлото и конјунктивитис. Хуман папилома вирусот може да се поврзе со некои инфекции на гениталниот систем, но и некои видови на рак, додека херпесот може да предизвика некои видови настинки, сипаници и мононуклеоза.

Истражувачите веруваат дека ова може да биде доказ дека вирусите одиграле улога во истребувањето на неандерталците, кои исчезнале пред околу 40.000 години.


Проучувањето на античките вируси и споредувањето со денешните може да помогне подобро да се разберат вирусите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг