Има се помалку млади возачи: Во оваа држава пад од дури 49 проценти, а причината е јасна

Точка

20/05/2024

21:23

6.292

Големина на фонт

а а а

Најновото истражување открива дека младите денес поретко се одлучуваат за возачки испити.

Истражувањето кое го направи „MarketWatch Guides“ покажува дека во САД чувствително се намалува бројот на возачи помлади од 19 години. Од 2012-та до 2022-ра година забележан е пад во дури 40 сојузни држави. Најголем пад забележал Њујорк, каде бројот на млади возачи паднал за дури 49 проценти.

Во Америка до возачка дозвола може да се дојде на 16 години. Бројот на малолетни возачи кои стекнале таканаречена „целосна дозвола без ограничување паднал во споменатиот период за 8,7 проценти“.


Истото го сугерираат и официјалните податоци од „FHA“ (Federal Highways Administration). Според официјалната статистика, во 1983-та година дури 80 проценти од 18-годишниците имале возачка дозвола, додека во 2021-ва година тој удел паднал на 60 проценти. Уделот на 16-годишници со дозвола паднал од 46 на само 25 проценти.

Во Америка моментално се води дебата за причините за овој тренд кај младите. Сите се согласни дека технологијата е основна причина бидејќи денес е многу полесно да се оствари многу подобра комуникација, без потреба да се напушти комфорот на дневната соба.


Како друга причина се споменува постоење на услуги во јавниот превоз, но и нови услуги за превоз кои ги нудат „Uber“ и „Lyft“. Тука се и бројни евтини лични транспортери, како електрични велосипеди кои во целост ги задоволуваат потребите за секојдневниот превоз.

Конечно, една од поважните причини е растот на цените на автомобилите, но и самите трошоци за сопственост. Осигурувањето е сè поскапо, горивото исто така, а растот на комплексноста на автомобилите и редовното одржување за многумина станало прескапо.

Сето тоа заедно дефинитивно укажува на тренд кој во Европа можеби сè уште е толку изразен, но веројатно набрзо ќе стане.