Докторот Бахадир Бајкал е пластичен хирург кој на социјалната мрежа „Instagram“ го следат повеќе од 224.000 луѓе. Тој често објавува видеа и фотографии на кои покажува како изгледаат резултатите по операцијата.
Судејќи по фотографиите, кај него најчесто одат луѓе кои сакаат да го оперираат носот, а некои трансформации се навистина неверојатни.
Со своите вештини, овој хирург го менува личниот опис на луѓето, а додека едни тоа го фалат, други тврдат дека тоа е „незаконски“.
„Океј, се заљубувам, ми раѓа грдо дете и потоа цел живот се прашувам на кого личи, за на крај да дознаам дека мајката „скокнала“ до Турција“, „Ова треба да биде незаконски и да се воведе закон дека луѓето мора да знаат дека овие лица не изгледаат природно вака“, биле само дел од коментарите
.
Многу експерти повеќепати се огласувале потенцирајќи дека совршените лица кои ги гледаме на Интернет всушност не постојат и дека можат да создадат незадоволство и проблеми кај младите.
Врз основа на видеата може да се заклучи дека има постојан проток на пациенти, а некои извори велат дека за своите услуги наплаќа цело богатство.