Кога му станала љубовница имала 16 години, а тој 38: Зборувал дека од селанка направил дама, па со неа се венчал двапати

Точка

16/05/2024

09:19

16.296

Големина на фонт

а а а

Љубовниот живот на Софија Лорен и Карло Понти е скандалозен, но исто така има и романтични детали.

Софија Лорен ја запознала љубовта на својот живот, Карло Понти, како млада 16-годишна девојка. Не ја интересирало ни тоа што тој во тој момент бил оженет, туку ја интересирала неговата обука: да ја научи на манири, да се ослободи од акцентот, да ја натера да чита книги за уметноста и инсистирал да ја научи англиски јазик.


Тој ја штител многу. Набрзо потоа меѓу нив се родила љубов, а во тоа не ги спречила ниту 22-годишната разлика во годините.

Првиот тест на љубовта бил тоа што Карло веќе бил оженет и имал две деца. Тогаш било потребно да добие дозвола за развод од Ватикан. Но, никој не сакал да му ја даде дозволата, па љубовниците морале да одат на пат. Тие заминале во Мексико во 1957 година, каде Понти се развел од својата сопруга и се оженил со Лорен. И изгледало дека ќе бидат среќни.

Но, по враќањето дома сопружниците се соочиле со нови проблеми. Во Италија нивниот брак не бил признат како легален. Понти бил обвинет за бигамија, а Лорен за илегална кохабитација.


Тие немале право да се појавуваат заедно во јавноста. Но, не сакајќи да ги почитуваат правилата на општеството да ја прекинат својата врска, парот ја напуштил земјата и живеел во егзил низ годините додека се обидувал да ја врати правдата.

Обидите да се реши тоа прашање биле неуспешни и на крај парот заминал во Франција и стекнал француско државјанство. Поранешната сопруга на Понти исто така морала да го промени своето државјанство во француско за да поднесе барање за развод. И конечно, во 1966 година, Софија и Карло повторно се венчале. Овојпат нивниот брак бил официјален.

Но, Лорен не сакала само да биде венчана жена, таа сакала да има семејство со деца и сонувала да биде мајка. За жал ова не било толку едноставно. Актерката имала два спонтани абортуси, после што преминала на хормонски третман.


Софија забременила на 34 години, но докторите поради претпазливост ѝ кажале дека мора да лежи во кревет. Одлучила да го послуша нивниот совет и со месеци водела повлечен живот во Женева. На 19 декември 1968 година го родила синот Карло Понти помладиот, а четири години подоцна на 6 јануари 1973 година го родила вториот син Едоард Понти.

Карло Понти бил нејзин сопруг, пријател, татко, продуцент, љубовник. Од неа направил тоа што е и заедно непоколебливо ги издржале сите удари од судбината. Биле среќни, се сакале и останале половина век заедно, во 2007 година Карло починал од компликации на белите дробови. Таа година требало да се одржи нивната златна годишнина од венчавката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг