Дали ја знаете легендата за растението кое го нарекуваат „женска среќа“? Се верува дека помага да ја пронајдете сродната душа

Точка

10/05/2024

20:17

4.976

Големина на фонт

а а а

Спатифилумот е тропско, повеќегодишно растение со раскошни зелени листови и интересни бели цветови. Потекнува од тропските шуми на Америка, а интересно е што со него се поврзува и една легенда.

Имено, на ТикТок страницата на една цвеќарница од Суботица е споделено интересно видео во кое даваат совети за сите девојки кои се во потрага по сродна душа.

„Ако сте сингл со години, ова дефинитивно мора да го пробате. Купете саксиско цвеќе спатифилум и се верува дека во најкраток рок ќе ја пронајдете сродната душа“, вели вработената во цвеќарницата на видеото.

Спатифилумот често се нарекува и „женска среќа“ токму поради бројните легенди поврзани со него. Легендата вели дека некогаш одамна расцветаниот спатифилум се подарувал на жени кои не се во брак или кои немаат деца за да го остварат тоа.

Бидејќи најчесто се остварувало она што го посакувале, сите верувале дека цветот навистина им носи среќа на жените, но и на останатите во домот.


Постојат дури 47 видови на спатифилум и тие главно се разликуваат по големината и изгледот на листовите. Тие се приспособени да растат на шумското тло каде во сенка на високите стебла ги задоволуваат своите потреби за сонце и вода.

Треба да се обезбедат такви услови и дома, доколку сакате во вашата куќа да имате растение кое исто така го прави вашиот воздух почист. Стандардните видови спатифилум можат да пораснат и преку еден метар во висина во нивното природно живеалиште, додека во домашни услови обично не надминуваат еден метар во висина.


Научниците веруваат дека овој цвет може да ја отстрани прашината и разните штетни токсини од воздухот и да го заштити просторот од акумулација на влага.

Овој цвет не е само корисен, туку и исклучително убав. Исто така, добро е што не бара посебно одржување и успева и во бањите и спалните соби, каде со отстранување на прашината и токсините помага да се подобри квалитетот на воздухот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг