[ВИДЕО] Девојче посвоила мачка, несомневајќи се кого внесува во домот: Кога ќе видите што сè прави ова животно, нема да можете да поверувате

Точка

14/05/2024

12:16

23.173

Големина на фонт

а а а

Иако поседувањето домашно милениче е едно од најубавите искуства, воедно е и голема одговорност. Љубителите на мачки знаат колку се симпатични овие животни и колку можат да бидат приврзани за нивните сопственици, особено доколку биле посвоени како многу мали и живееле незгрижени на улица.

Тоа го докажува и примерот на мало девојче, чија мајка на повеќе наврати ја снимала со мачката која ја посвоиле. Во видеото на „TikTok“ кое собрало 2,8 милиони лајкови, девојчето и мачката уживаат во најубавите моменти кои ги делат заедно.


Почнувајќи од појадокот кој го јадат заедно на масата, преку видеото на кое се гледа како спијат заедно, до сцените каде мачката се гушка со својата другарка и ја чува, секој кадар е доказ колку мачката не само што го сака девојчето, туку многу често и ја имитира. Мајката на ова девојче, која објавува видеа на „TikTok“ зад профилот Брунa и Натали, покажала дека нејзината ќерка го споделува секој оброк со својата пријателка мачка и дека уживаат во заедничкото друштво, а мачката потполно го усвоила нејзиното однесување.


Во едно од видеата кои се комбинирани во едно, се гледаат двете како уживаат во дневната соба додека девојчето ја вози мачката како бебе низ куќата. Од друга страна, се гледа како мачката ужива во својот нов дом и ја покажува својата благодарност со тоа што е внимателна и грижлива кон малото девојче во секој момент кој го поминуваат заедно.


Тиктокерите потполно се воодушевени од овие прекрасни сцени на другарувањето на мачката и девојчето, а многумина коментирале дека односот меѓу нив е неверојатен и посебен.

„Мачката јаде јајце … Плачам …“

„Забележав дека мачките се ужасно фини со децата.“

„Мачката спие над нејзината глава … Мисли дека ѝ е мама!“

„Најслатката работа која ја видов денес!“, биле само дел од коментарите.


Дел од корисниците признале дека повеќе сакаат кучиња отколку мачки, но дека оваа сцена потполно ги освоила. Многумина коментирале како девојчето и мачката се внимателни една кон друг друга и дека семејството покажало хуманост со тоа што ја посвоиле, а потоа мачката покажала благодарност со убавиот пријателски однос кон девојчето.

Имало и коментари дека животните, особено мачките, се поврзуваат со децата и создаваат нераскинлива врска. Други биле воодушевени со манирите на оваа мачка, велејќи дека луѓето можат многу да научат од неа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг