[ФОТО] „TasteAtlas“ објави мапа на најдобри намирници по земјите од Европа, еве што е издвоено за Македонија

Точка

09/05/2024

19:41

7.225

Големина на фонт

а а а

Гастро водичот „TasteAtlas“ објави мапа на Европа која прикажува кои прехранбени производи се најдобри во секоја поединечна земја, а за Македонија тоа е охридската пастрмка.

Мапата споделена на Инстаграм страницата „TasteAtlas“ ги прикажува најдобрите намирници и прехранбени производи што секоја земја поединечно ги нуди, а за некои се претставени повеќе најпознати видови храна и пијалаци.


Што се однесува до земјите од поранешна Југославија, за Хрватска се истакнати славонската пршута, пашкото сирење и сортата вино Плавац мали (Плавец мал). За Србија тоа е пиротскиот кашкавал и шливовица, за Црна Гора е његушката пршута, а за Босна и Херцеговина е ливањското сирење.


Популарниот гастро водич на крајот на годината објави годишна листа на најдобрите кујни во светот, а истите се рангирани според просечната оценка на најдобро оценетите јадења и прехранбени производи во секоја земја.

Така, Италија и Јапонија забележаа ист просечен резултат, но Италија и оваа година го зазеде првото место поради повисоката оцена на своето најдобро оценето јадење - пицата. Грчката кујна го зазеде третото место, додека португалската и кинеската кујна го зазедоа четвртото и петтото место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг