Произведувачот на автомобили е пред колапс! Сопственикот си ја продава куќата

Точка

09/05/2024

18:09

12.371

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека авантурата на Фискер во автомобилската индустрија ќе заврши лошо, јавува „HAK Revija“.

Марката чиј основач Хенрик Фискер минува низ многу тешки моменти, до таа мера што веќе ги предупредил своите вработени дека во краток рок би можел да ги отпушти доколку не пронајде дополнителни средства. А оваа потрага по финансирање очигледно се спушта на лично ниво, бидејќи основачот и најголем акционер на компанијата својата раскошна вила ја ставил на продажба.


Инаку, ова не е прв пат да пропадне фирма на Фискер. Слично нешто се случило и пред десетина години, но тогаш направил прилично успешно враќање. За него неколку години наназад се зборувало како за можен конкурент на „Tesla“. Но, тоа никогаш не се оствари.


Хенрик Фискер продава ултрамодерна куќа во Лос Анџелес за 35 милиони долари. Тоа е многу висок износ кој одговара не само на големината и луксузот на куќата, туку и на нејзината привилегирана локација: на Холивуд во Хилс, едно од најексклузивните подрачја на Лос Анџелес.

Врвна вила

Куќата на Фискер е навистина фасцинантна. Летниковецот има 1.096 квадратни метри (на земјиште од вкупно 1.740 квадратни метри), шест спални соби и 8 бањи.

Има неверојатен поглед на градот од неколку простории, вклучувајќи неколку спални соби, и секако, од базенот на терасата. Ги има сите погодности кои секој може да ги посака: спа, сауна, теретана, спектакуларна тераса.


Гаражата не е преголема во однос на остатокот на вилата и може да прими шест автомобили распоредени на два ката благодарение на хидрауличниот лифт.

Не е познато зошто Хенрик Фискер својата луксузна куќа ја ставил на продажба, но вистина е дека неговата компанија моментално е на пресвртна точка и дека порано овој месец произведувачот објави дека наскоро ќе мора да поднесе барање за банкрот ако не добие финансиска инекција.


Интересно, куќата вреди повеќе од пазарната капитализација на Фискер – проценета е на 26 милиони долари. Фискер и неговата сопруга Гита Гупта-Фискер ја купиле оваа куќа во 2021-ва година за 21,8 милиони долари. Ако некого го интересира, куќата исто така е достапна за изнајмување за скромни 116.000 евра месечно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг