[ВИДЕО] Возачите во Холандија ги кријат регистрациите со изолир-трака и вреќи: Еве зошто

Точка

17/05/2024

10:30

18.528

Големина на фонт

а а а

Многу европски градови воведоа „зони со ниски емисии“, т.е. зони со ограничен сообраќај во кои е забранет пристапот на возила кои премногу загадуваат. Сообраќајните ограничувања, поврзани со сообраќајните казни доколку не се почитуваат, го отежнуваат секојдневното патување за многу возила кои не ги исполнуваат условите за влез во овие зони.

На возачите во Британија не им се допаднале камерите кои ги мониторираат ваквите зони, па едноставно решиле да ги уништат. Се жалат и возачите во други земји, но се снаоѓаат на многу посмирен начин, пишува „Auto Klub“.

На видео од Холандија се гледаат возачи како ги кријат своите регистарски таблички пред камерите за проверка на емисија на штетните гасови. Токму пред семафорот каде е поставена камерата, речиси сите возачи ги застануваат возилата за да ја покријат регистарската табличка.

Многумина користат селотејп, додека други ставаат кеси за да ги сокријат своите таблички.