„Ducati“ му оддаде чест на Аиртон Сена, легендарен бразилски возач на Формула 1 кој загина пред 30 години.
Претставена е специјална верзија на мотоциклот со неговото име.
Мотоциклот на „Ducati“ го красат шарени бои инспирирани од кацигата на Сена, односно боите на знамето на Бразил – жолта, зелена и сина.
Опремен со придушувачи од карбонски влакна, алуминиумски потпирачи за нозе и специјални алуминиумски тркала. Седиштето има сина боја, а тука е и уникатната плоча, како и 4,3-инчниот екран.
Возилото има и литиум-јонска батерија и карбонски браници. Во однос на стандардниот модел е полесен за дури и четири килограми. Работи на познатиот „Testastretta“ двоцилиндричен мотор кој развива 111 коњски сили.
„Ducati“ планира да произведе само 341 примерок, што е симболично бидејќи ги означува трите титули на Сена во Ф1, и 41 победа во кариерата. Почетната цена е 25.000 долари.
Сена и „Ducati“ соработувале и во минатото. Тогашниот сопственик Клаудио Кастиљони во 1990-та година му го подарил моделот „851 SP“.
Сена бил и еден од првите сопственици на моделот „Monster 900“ со кој пристигнал на гала забава по повод трката во Монако во 1993-та година.