"Citroen Jumper" има луда изведба – и е во продажба

Точка

19/05/2024

11:07

8.666

Големина на фонт

а а а

Ако се прашувате на кого му треба двострано комбе, а на кој не му треба простор за товар, одговорот може да ве изненади.

На социјалните мрежи се шири информација дека "Citroen" во својата понуда има "Jumper" со необичен изглед. Имено, моделот нема класичен заден дел, туку наместо тоа, со пресликување е додаден уште еден преден дел на возилото со кабина.

Т.н. „двострано“ возило не е толку ретко, но не е често забележано во стандардната гама. И верувале или не, оваа верзија има сосема разумно објаснување. Имено, оваа верзија на "Jumper" се нуди на британската веб-страница на брендот, а причината е намалување на трошоците за производство и транспорт.


„Jumper“, кој се комерцијализира на Островот под името "Relay" има двострана изведба само привремено. Двете шасии се привремено споени за да се олесни транспортот до трета страна, до каросеристи кои прават надградби како што се камперските комбиња и амбулантите.

Секоја страна на возилото има свој независен погон, што во превод значи дека оваа верзија практично може да вози во двете насоки, секако под услов другата страна дa e во неутрална брзина. Секако, ваквото возење не се препорачува и не е дозволено од очигледни причини на јавните патишта.


Што се однесува до опремата, специфичната верзија ја претставува апсолутната основа, па покрај челични тркала од 15 инчи, халогени (предни) светла, има клима и мал 5-инчен инфозабавен екран. Сосема доволно за идно работно возило.

Цената е нагласена и на конфигураторот. Верзијата со "2.2 BlueHDI" мотор со 140 коњски сили и шестстепен мануелен менувач чини 36.018 фунти. Не е сосема јасно дали оваа цена се однесува на двете страни на возилото. Имено, "Jumper" нормално на почетокот чини 36.882 фунти, па ова изгледа како одлична сума доколку се однесува на двете „страни“.

Верувале или не, истата практика ја имаат и конкурентите. На пример, "Peugeot" и "Renault" ги нудат истите двострани верзии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг