Како да препознаете дека акумулаторот слабее? Овој едноставен потег ќе ви помогне

Точка

15/05/2024

14:15

9.413

Големина на фонт

а а а

Проблемите со акумулаторите се меѓу најчестите интервенции кај механичарите. Циклусите на полнење и празнење, староста на автомобили и акумулаторот … на крајот сето тоа резултира со дефекти.

Како да ја проверите состојбата на акумулаторот?

Нивото на батеријата можете да го проверите при паркирање на автомобилот во мрак пред ѕид, со исклучување на моторот и вклучување на кратките светла. Ако светлото по кратко време стане потемно, акумулаторот слабее. Секако, акумулаторот секогаш можете да го проверите и со волтметар, но тој не е дел од алатите и уредите во секое просечно домаќинство, пишува „HAK revija“.

Посебно внимавајте и при заклучувањето на возилото. Ако заборавите да ги исклучите светлата или да не ги заклучите вратите, кај некои модели ќе остане вклучено и внатрешното светло.


Колку е потребно за акумулатор да се испразни?

На тоа прашање одговор дава Марин Морава, технички советник во Хрватскиот автоклуб. Акумулаторите со помал капацитет кај, на пример, бензинските мотори, ако преноќат со вклучено осветлување на патничкиот простор може да се испразнат до ниво следниот ден да не можат да го стартуваат моторот, што е всушност и најчестиот проблем.

Најчесто овој проблем ги опфаќа акумулаторите на возилата кои се постари од две години и поради поголемиот број на циклуси на полнење и празнење им е намален капацитетот.

Овој тип на проблеми најчесто им се случуваат на возачите ако вратите од возилата не се затворат или внатрешните светла се вклучат на прекинувачот при завршувањето на возењето за нешто да се прочита или побара, а прекинувачот не се врати рачно на автоматско исклучување.