Победничката песна на Холанѓанецот Данкан Лоренс „Arcade“ од Евровизија 2019 година, надмина милијарда слушања уште во 2021 година и стана најслушаната песна некогаш на „Spotify“.
По неговата победа во 2019 година, љубовната балада се проби на листите во поголем дел од европските земји, а исто така се најде на второто место на листата на „Billboard“ – „Euro Digital Song Sales“, а исто така постигнала голем успех и во Белгија, Грција, Естонија, Шведска, Исланд и логично во Холандија.
Данкан во октомври 2019 година го претстави својот втор сингл „Love Don’t Hate It“, а потоа почнал да работи на својот прв албум.
Со помош на своето момче Џордан Гарфилд го објавил албумот „Small Town Boy“ во летото 2020 година, објавувајќи уште три хитови: „Someone Else“, „Last Night“ и „Feel Something“.
Со новиот албум повторно се создал интерес за победничката песна на Данкан на Евровизија, а неговата популарност експлодирала во 2021 година благодарение на ТикТок.
Откако станала вирална на оваа социјална мрежа „Arcade“ добила над 200 милиони стримови на „Spotify“.