[ФОТО] Детаљ којшто многумина не го забележаа на Евровизија: Поради оваа фотографија луѓето се убедени дека победата на Швајцарија била наместена

Точка

13/05/2024

10:50

13.653

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи кружи фотографија поради која многумина тврдат дека победата на Швајцарија на Евровизија е наместена.

Евровизија 2024 заврши, но страстите не се намалуваат. Победата ја однесе Немо Метлер, претставникот на Швајцарија којшто една минута откако беше прогласен за победник го скрши трофејот, но и својот прст.

Доколку судиме по коментарите на социјалните мрежи, многумина не можат да го прифатат тоа што Швајцарија победи.

„Бејби Лазања беше украден“, коментирал некој корисник на социјалните мрежи, а сега се споделува и фотографија поради која многу од фановите на Евровизија се убедени дека победата на Швајцарија била неместена.

Еден корисник на социјалната мрежа „X“ го споредил изгледот на сцената на овогодишната Евровизија и швајцарското знаме.

„Не верувам во случајност“, напишал тој.

Речиси никој не забележал дека сцената е во истиот облик како и знамето на земјата која победи.

Објавата за кратко време добила илјадници допаѓања, а многумина пишувале дека победникот однапред се знаел.


Да ве потсетиме, Немо Швајцарија на Евровизија ја претстави со нумерата „The Code“. Тој во ноември 2023 година беше во центар на внимание благодарение на квалификувањето како небинарна личност, што значи дека Немо инсистира на среден род.




Спонзорирани линкови

Маркетинг