[ФОТО] Таа никогаш поубава, а тој никогаш постар: Велат дека 33-годишната разлика меѓу нив двајца е сѐ повидлива, но љубовта е посилна од сѐ

Точка

18/05/2024

16:35

18.484

Големина на фонт

а а а

Разликата во годините меѓу Ричард Гир и неговата сопруга е сѐ повидлива, но вистинската љубов не познава граници.

Секси мажот од 90-тите, американскиот актер Ричард Гир, станал најголема сензација на гала-проекцијата на филмот „Kinds of Kindness“ каде се појавил во придружба на својата згодна сопруга Алехандра Силва на 77 издание на Канскиот фестивал.


Парот не ги тргнувал насмевките од своите лица, додека разменувале нежност и му покажувале на светот колку всушност се заљубени.

Без оглед на коментарите дека 33-годишната разлика во годините меѓу нив е сѐ повидлива, тие покажале дека вистинската љубов навистина не познава граници.


Интересно е тоа што неодамна тие се оствариле и во улогата на родители, а Ричард во осмата деценија од животот го добил синот Александар.

Таа поради љубовта кон него преминала во будизмот и се преселила во Њујорк.

Ричард и Алехандра започнале да се забавуваат во 2014 година, а во 2018 година одлучиле да се венчаат на дискретна венчавка.


Актерот во својата сопруга нашол партнерка која ја цени хуманитарната работа затоа што таа работи во фондација која се бори за искоренување на бездомниците во Шпанија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг