„Мажите кои удираат жени не се мажи“: Се огласи сопругот на пејачката која Пи Диди ја тепал додека биле во врска, еве што порача

Точка

18/05/2024

20:18

7.445

Големина на фонт

а а а

Сопругот на пејачката Кеси, која во 2016 година била претепана од озлогласениот рапер Пи Диди, со кој тогаш била во врска, се огласи по објавувањето на вознемирувачката снимка од страна на „CNN“.

Касандра Вентура попозната како Кеси и фитнес тренерот Алекс Фајн се во брак од 2019 година и имаат две ќерки.

Сопругот на пејачката, која беше претепана од раперот во хотел во Лос Анџелес, порачал преку социјалните мрежи: „Ова го напишав пред некое време, но зборовите звучат вистинито не само денес, туку секој ден. Сакам моите деца и секое дете да живее во свет кој е безбеден за жените и девојчињата, кој ги штити и ги третира како еднакви.

За жените и децата ... не сте сами, и вашиот глас се слуша. Ако ви треба помош, јавете се на телефонската линија за семејно насилство“.

„Мажите кои удираат жени не се мажи. Мажите кои овозможуваат насилство и ги штитат тие луѓе не се мажи. Бидејќи машкото насилство врз жените не смее да се случува, проверете ги вашите браќа, вашите пријатели и вашето семејство.

На сите жени и деца, жал ми е што живеете во свет каде што не сте заштитени и не се чувствувате рамноправни“, напишал Алекс меѓу другото.


Снимката од насилството кое го извршил Пи Диди во 2016 година синоќа ја шокираше јавноста.

„Вознемирувачката снимка само дополнително го потврди насилното и предаторско однесување на господинот Комбс. Зборовите не можат да ја изразат храброста која госпоѓа Вентура ја покажа кога излезе да го изнесе тоа на виделина“, вели адвокатот Даглас Х. Вигдор.

Кеси се појавила во јавноста два дена по нападот и на фотографиите се гледаат модринки на нејзиното тело.


Врската на Кеси и Пи Диди започна во 2007 година, две години откако тој го продуцираше нејзиниот албум (таа беше тинејџерка кога започна да се занимава со музика). Имаше гласини дека се вериле во 2014 година. Подоцна таа зборувала дека ја изневерувал, по што раскинаа па се смирија во 2016 година. Кога во 2018 година се случи конечното раскинување, Кеси раскажала дека пред тоа биле раздвоени со месеци.

Во ноември 2023 година, пејачката поднесе тужба против раперот и изнесе низа грозоморни детали. Тужбата подоцна беше повлечена, а деталите од договорот не беа објавени во јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг