„Мојата дупла среќичка“: Водителот Марко Новески објави слатка фотографија со близначињата во прегратки

Точка

06/05/2024

14:52

6.915

Големина на фонт

а а а

На 23-ти април, водителот Марко Новески објави дека станал татко на близначиња, а во таа прилика ги откри и нивните имиња и ѝ се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.

„Добредојдовте Вања и Веда. Фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон. Те сакам!“, напиша Марко во објавата.

Сега, 10-тина дена по нивното раѓање, Марко објави уште една фотографија на која се гледа како ги држи близначињата во прегратки.

„Мојата дупла среќичка“, напиша тој во описот на објавата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг