[ВИДЕО] Објавена вознемирувачка снимка на која раперот Пи Диди ја влече и удира поранешната девојка Кеси Вентура

Точка

18/05/2024

09:10

8.050

Големина на фонт

а а а

Објавена е снимка од надзорни камери од 2016 година на која се гледа како раперот Шон Диди Комбс ја турка, влече и удира својата тогашна девојка Кеси Вентура во ходникот на хотел во Лос Анџелес.

Снимката, составена од повеќе агли на камерите од 5-ти март 2016 година, го прикажува раперот за време на инцидентот, кој според тужбата на Вентура се случил во сега затворениот хотел „InterContinental“ во Сенчури Сити, Лос Анџелес.

На видеото, Вентура излегува од хотелската соба и заминува до низата лифтови. Комбс, држејќи пешкир околу половината, трча низ ходникот по неа, а потоа ја фаќа за задниот дел од главата и ја фрла на подот, држејќи го пешкирот со една рака додека ја удира со нога.

Додека Вентура е на подот, Комбс ги крева торбите од подот и се врти и повторно ја удира додека таа лежи неподвижна, а потоа ја влече кон собата. Сепак, тој ја пушта, а таа останува да седи на подот. Неколку секунди подоцна, Вентура полека станува и ги собира своите работи од подот и се движи кон телефонот на ѕидот од ходникот во близина на лифтовите. Неколку секунди подоцна, камерата го прикажува Комбс како седи во ходникот, налутено зема предмет од масата и го фрла.


По објавувањето на видеото, раперот немал коментар, а адвокатот на Вентура се обрати до странските медиуми.

„Вознемирувачката снимка само дополнително го потврди насилното и предаторско однесување на господинот Комбс. Зборовите не можат да ја изразат храброста која госпоѓа Вентура ја покажа кога излезе да го изнесе тоа на виделина“, вели адвокатот Даглас Х. Вигдор.

Вознемирувачкото видео ексклузивно го објави „CNN“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг