[ВИДЕО] Извесна баба ја прашале дали се сеќава на првиот бакнеж, таа се потсетила на сè, а потоа дошло до шокантен пресврт: Луѓето во коментари останале во чудо – „Ова не го очекував!“

Точка

06/05/2024

11:00

17.437

Големина на фонт

а а а

Сите го паметиме првиот бакнеж бидејќи „само тој беше сладок“, добро, не баш, но ќе се согласиме дека првиот бакнеж е секогаш посебен.

Жените, својот прв бакнеж го паметат и до најситни детали, додека со мажите е поинаква приказни, или, едноставно, не сакаат да го признаат тоа.

Колегите од Хрватска правеле анкета во која ги прашале постарите дали се сеќаваат на нивниот прв бакнеж.

Во еден дождлив ден, сретнале извесна баба, која на ова прашање како од топ одговорила „да!“.


„Тоа беше, да речеме, уште во средно училиште, јас бев со едно момче и така малку разговаравме и некако видов и забележав дека сè е во ред со него и по некое време се согласив да ме бакне, па и јас му возвратив на бакнежот“, започнала таа.

Додека зборувала, имала широка насмевка на лицето, а потоа станала сериозна и открила што се случило со тоа момче.

„Тој загина во сообраќајна несреќа. Многу ми е жал поради тоа“, заклучила таа.

Во коментарите под видеото, луѓето истакнале дека не очекувале ваков крај а приказната.

„Леле, каков plot twist!“, „Ова не го очекував“, „Ало, како стигнавме до ова на крајот, не сакам вака“, биле само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг