Доколку познавате некој којшто е роден во овој хороскопски знак, тогаш ширум отворете ги очите затоа што астролозите тврдат дека тие луѓе се најздодевни, најголеми злопамтила и се сметаат за ситни луѓе.
Нивниот напор и ставање на секого на нивното место вообичаено кај луѓето кои ги опкружуваат предизвикува желба да побегнат далеку од нив.
Девиците, според хороскопот се како слонови, никогаш не забораваат и не им е ни малку непријатно постојано да ве потсетат на моментот кога сте им направиле нешто лошо.
Она кон што тежнеат е совршенството, но никако не можат да сфатат дека прво треба да поработат на самите себе. Тие се многу напорни кога станува збор за постапките на другите, а своите маани како да не ги гледаат.
Од друга страна, уживаат во сексот и тоа им е некој вид на начин на опуштање, иако никогаш нема да го признаат истото, дури ни на самите себе.
Позитивните страни на Девиците
Сепак, Девиците имаат и свои добри страни, па овој знак се смета за еден до најинтелигентниот во хороскопот.
Нивната моќ на забележување е неверојатна затоа што ги забележуваат дури и најситните детали, па поради тоа во знакот на Девица се раѓаат најдобрите доктори.
Лицата во знакот на Девица се одлично организирани, па нивниот дом главно секогаш е уреден.