„Најубавата облека која може да ја облече жената се рацете на мажот кој го сака, за оние кои немале среќа тука сум јас“: 10 незаборавни цитати на Ив Сен Лоран

Точка

17/05/2024

18:00

4.625

Големина на фонт

а а а

За време на неговиот живот, Ив Сен Лоран го промени јазикот на модата, охрабрувајќи ги жените ширум светот со своите моќни и, во истовреме, заводливи дизајни.

Неговата голема пријателка и муза, актерката Кетрин Денев, еднаш забележа: „Сен Лоран дизајнира жени со двоен живот. Неговата дневна облека им помага на жените да влезат во свет полн со странци. Тие ѝ дозволуваат на жената да оди каде што сака без да привлекува несакано внимание, благодарение на својот некако машки квалитет. Меѓутоа, за вечерта, кога таа може да си го избере друштвото, тој ја прави заводлива“.

Ив Сен Лоран, покрај својата извонредна и неисцрпна имагинација и способност за мода, знаел и совршено да го изрази и истакне своето гледиште.


„Високата мода се состои од тајни кои се шепотат од генерација на генерација“, изјавил еднаш модниот дизајнер. „Доколку во конфекцијата се произведува облека според стандардни големини, високата мода се приспособува на секоја несовршеност за да ја елиминира“.

Во 1968 година, кога неговата популарност како дизајнер го достигна врвот, тој рече: „Значи ме крунисаа за крал. Погледнете што се случи со другите француски кралеви“.

Ив Сен Лоран во текот на својот работен век имал многу креации, но само една, според него, била во состојба да направи дама од секоја жена. Тоа се разбира е фустанот во црна боја.


Во продолжение, ви пренесуваме 10 незаборавни цитати на Ив Сен Лоран за модата, стилот, среќата и убавината.

- „Најубавата облека која може да ја облече жената се рацете на мажот кој го сака. Но, за оние кои немале среќа да ја пронајдат оваа среќа, тука сум јас“.

- „Добар модел може да ја подобри модата за 10 години“.

- „Го сакам црното затоа што афирмира, дизајнира и стилизира. Жената во црн фустан е потег со молив“.

- „Модата избледува, стилот е вечен“.

- „Посакувам да ги измислев сините фармерки. Имаат израз, скромност, сексапилност, едноставност: сè на што се надевам во мојата облека“.


- „Шанел ги ослободи жените, а јас ги охрабрив“.

- „Никогаш не смееме да ја мешаме елеганцијата со снобизмот“.

- „Добрата облека е пасош за среќата“.

- „Најубавата шминка е страстa, но козметиката полесно се купува“.

- „Се обидов да покажам дека модата е уметност. Затоа ги следев советите на мојот мајстор Кристијан Диор и безвременската лекција на госпоѓица Шанел. Креирав за мојата ера и се обидов да предвидам што ќе биде утре“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг