[ВИДЕО] Сопственичката се шокирала кога видела што држи нејзиното куче во уста: Урнебесното видео насмеа многумина

Точка

18/05/2024

21:04

8.841

Големина на фонт

а а а

Сопственичката на куче Лола неодамна објавила една несекојдневна ситуација во која го затекнала своето куче Мајло.

Лола заедно со својот миленик одлучила да го помине викендот кај баба ѝ, но љубопитното куче не можело да издржи без да го истражи домот на нејзината баба.

Мајло бил само неколку минути во другата соба, но тоа било доволно за да направи нешто што не требало да го направи. Кога тој се вратил во собата на Лола, таа забележала дека нешто е различно кај него.


„Ова е Мајло, слатко куче кое не сака ништо повеќе освен да носи радост и смеа во своето семејство, а пред неколку дена Мајло пронајде нов начин да измами насмевки кај своето семејство со тоа што и самиот „презел“ нова насмевка“, изјавила Лола за „The Dodo“.

Имено, кучето во еден момент ги пронашло протезите на бабата на Лола во другата соба и решило да ги носи во устата.

„Бев многу изненадена кога го видов. Многу ме насмеа. Тоа беше во најмала рака необична глетка“, рекла таа.

Кога престанала да се смее, таа ги извадила протезите од устата на Мајло, темелно ги измила и ги ставила надвор од негов дофат. Таа веднаш ѝ кажала што се случило на својата баба и ѝ го покажала видеото. За среќа, протезите не биле уништени и нејзината баба не била лута.

„Мојата баба се смееше и се смееше. Сите во куќата многу се смееја. Беше неочекувано“, рекла Лола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг