Примамлива понуда: Ако во овој ресторан го оставите мобилниот телефон на влезот, ќе добиете подарок

Точка

22/04/2024

14:06

3.804

Големина на фонт

а а а

Фотографирањето на храната одамна е голем тренд на социјалните мрежи, па глетката на инфлуенсери кои ја фотографираат храната во ресторани стана речиси вообичаена.

Меѓутоа, во овој ресторан настојуваат да ѝ се спротивставуваат на таа практика, а за тоа избрале интересен метод.

Ресторанот „Al Condominio“ во Верона на своите гости им нуди интересна опција. Сè што треба да направите е да го оставите мобилниот телефон на влезот, а за тој потег ќе добиете бесплатно шише вино. Гостите кои ќе одлучат да го сторат тоа, го ставаат својот мобилен телефон во посебна кутија, под клуч, на влезот во ресторанот, а потоа го покажуваат клучот на келнерот кој ќе им го послужи бесплатното шише вино.

„Технологијата навистина станува проблем“

Сопственикот Анџело Лела објаснил за „The Guardian“ дека сакал да отвори ресторан што ќе биде поинаков и објаснил зошто.

“Гостите можат да одлучат да се откажат од технологијата додека уживаат во заедничките моменти на дружење. Технологијата навистина станува проблем. Нема потреба да ги гледате вашите телефони на секои пет секунди, но за многумина тоа е како дрога. На овој начин луѓето имаат прилика да го остават телефонот на страна и да се напијат добро вино“, вели Лела.

90 отсто од гостите ја прифаќаат понудата

Инаку, интересно е што околу 90 отсто од гостите се одлучуваат да ја прифатат понудата на ресторанот и да го предадат својот мобилен телефон во замена за шише вино.

„Реакцијата беше многу позитивна. 90 отсто од гостите одлучуваат да ги остават своите мобилни телефони во замена за вино. Навистина е убаво да се види како луѓето го прифаќаат тоа – разговараат едни со други наместо да гледаат фотографии или да одговараат на пораки на нивните мобилни телефони“, изјавил сопственикот.

Освен тоа, ресторанот вовел уште една примамлива понуда. Гостите можат да напишат рецензија и да ја остават во кутијата во кои се наоѓаат нивните мобилни телефони, а оние што ќе напишат најдобра рецензија добиваат бесплатен оброк при следната посета.