Познат форензичар за случајот кој ја потресе Србија: „Ова е единствената шанса да се пронајде телото на Данка; Можеби го однеле 50 километри оддалечено“

Точка

18/04/2024

21:45

11.157

Големина на фонт

а а а

Девојчето Данка Илиќ (2) е убиено на 26 март годинава во Бањско поле, а осомничени за злосторството какво што не памети Србија ниту регионот, се работниците на Јавното претпријатие за комунални дејности „Водовод“ во Бор – Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50).

Драгијевиќ во Вишото јавно обвинителство во Заечар признал дека го убил детето, дека телото го фрлил на депонија, но два дена подоцна го префрлил на друга локација која не сакал да ја открие. Срѓан се бранел со молчење, а по службена должност му го откажал полномошното на својот адвокат.

„Мое мислење е дека осомничените нешто направиле со телото на девојчето, можеби и го однеле на 50, 60 километри оддалеченост. Грешат доколку мислат дека ќе добијат помала казна во случај телото да не се пронајде. Доволна е и само ДНК на детето која е пронајдена во возилото на осомничените за тие да бидат осудени на доживотна казна затвор“, вели Часлав Ристиќ, форензичар во пензија. По неговото мислење, смета дека тешко е полицијата по толку време да успее да го најде телото на детето.


Според него, единствената шанса да се најде телото на девојчето Данка Илиќ е да на осомничените во затворот да им проработи совеста.

„Од моето долгогодишно искуство се случувало осомничените по одредено време поминато во притвор да сфатат што направиле и да побараат разговор со обвинителот на кого му откриваат што направиле со телата. Не е невообичаено осомничените да имаат грижа на совест. Сепак, се сеќавам на случаи кога осомничените 40 години молчеа и таа тајна ја понесоа во гроб“, објаснува Ристиќ.


За потсетување, Радослав, таткото на Дејан Драгијевиќ, е осомничен дека помагал при отстранувањето на телото. Во обвинителството се бранел со молчење. Полицијата го уапсила и братот на Дејан, кој починал во притвор во Бор, како соучесник во злосторството.

Од 26 март стотици припадници на МУП ја „чешлаат“ секоја педа од Бањско поле и селата во околината на Бор. Речиси и да нема место во Злот што полицијата не го пребарала.

Сослушување

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар вчера изјави дале родителите на убиеното девојче, во иста просторија со нив биле и осомничените Срѓан и Дејан.


„Смртната казна за нив е малку, тие треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што го преживуваме е неописливо. Само оној кој е родител може да разбере. Неколку пати ми доаѓа полиција, зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот, ни во автомобилот, ништо. Не ни е јасно зошто не повикале Брза помош, зошто не помогнале – туку го направија ова. Тоа што јас и Ивана го трпиме сето ова време е страшно, ни се јавуваат разни луѓе, нè навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го променам бројот, не можеме повеќе … Кога сè ќе заврши, ќе излеземе и ние и ќе кажеме сè пред медиумите“, зборувал Милош Илиќ, таткото на убиеното девојче Данка.

Родителите на Данка по рочиштето во солзи го напуштиле обвинителството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг