Две намирници кои предизвикуваат инсулинска резистенција, а ги јадеме секојдневно

Точка

17/04/2024

23:27

10.834

Големина на фонт

а а а

Иако одредени грицки се примамливи, тоа не значи дека тие се нужно здрави. Некои од нив може значително да влијаат на нашиот метаболизам, но и на целокупното здравје, доведувајќи до проблеми како инсулинска резистенција.

Овие „најлоши закуски“ често се полни со рафинирани шеќери, нездрави масти и преработени состојки кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и ја нарушуваат способноста на нашето тело да го регулира инсулинот.

Диететичарката и нутриционистка Крутика Нанавати открива две такви закуски.

Слатки енергетски барови

Нанавати вели дека гранола баровите, овошните барови и другите слатки енергетски барови, кои често се рекламираат како здрави опции, можеби немаат толкава хранлива вредност како што мислиме. Таа, исто така, напоменува дека овие преработени закуски можат да му наштетат на метаболизмот и да предизвикаат инсулинска резистенција.


„Премногу шеќер може да предизвика брзи промени во нивото на шеќер во крвта. Ова може да доведе до проблеми со инсулинот и инсулинска резистенција. Рафинираните житарки и вештачките засладувачи може дополнително да ги влошат овие проблеми“, објаснува диететичарката за „SheFinds“.

Крекери

Преработените крекери, во кои спаѓаат переци, чипс од компири, пченка или тортиљи, обично содржат рафинирани житарици, високо ниво на натриум и нездрави масти. Нанавати предупредува: „Слично на слатките закуски, крекерите направени од рафинирани житарици немаат влакна и можат да предизвикаат скокови на шеќерот во крвта“.


Таа додава дека консумирањето прекумерни количини на натриум може да доведе до задржување на вода и висок крвен притисок, а го оптоварува и метаболизмот. „Нездравите масти, како што се делумно хидрогенизираните масла кои се наоѓаат во крекерите, поттикнуваат воспаление и можат да го оштетат здравјето на цревата и да влијаат на метаболизмот“, заклучува нутриционистката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг