„Тој прстен ми беше на прст 36 години. Дијамантот некако испадна од него, најверојатно во слаткарницата“, рекла Даун Сис Монро, пренесува upi.com. Сопственичката на слаткарницата во Канзас сега апелира до сите кои минатите денови биле кај неа внимателно да џвакаат. Постои сомнеж дека дијамантот е во печивата или во некој колач.
Изгубениот дијамант го проценила на 4.000 долари. Вели дека го барале со денови.
„Се пребаравме, целиот дуќан. Бевме и во кујната. Ако го пронајдете, ве молам, вратете ми го. Ќе ви бидам благодарна засекогаш“, напишала на „Facebook“ сопственичката на слаткарницата „Sis Sweets Cookies & Cafe“.
После тоа повторно се огласила на „Facebook“ каде некои ја критикувале околу носењето ракавици.
„За оние кои се загрижени околу носењето на ракавици во нашата слаткарница, само минатата година нарачавме 19.000, а резултатите од инспекциите се јавно достапни“, напишала таа.
Bonus if you buy cookies today. My diamond is missing. It is not required of me to wear gloves when I baked. My heart is...
Posted by Sis' Sweets Cookies and Cafe on Friday 5 April 2024