Совет од Ендокринолог: Јадењето на оваа храна е најлесниот начин да добиете дијабетес

Точка

29/03/2024

13:16

6.316

Големина на фонт

а а а

Дијабетесот е болест на овој век, а пациентите кои имаат покачено ниво на шеќер во крвта не треба да ја јадат оваа храна. Колку редовно го проверувате нивото на гликоза во вашата крв?


Болеста која се вика Дијабетес тип 2 е поврзана често со проблеми од начинот кој го живееме брзото темпо на живот, но и останати проблеми како високиот крвен притисок, кој често се нарекува „тивок убиец“.

Иако генетските фактори можат да влијаат на нашата подложност кон дијабетесот, има и добри вести. Раното воведување на некои клучни промени во исхраната може да го намали ризикот, но и развојот на самата болест.


Ендокринолозите откриваат која храна е толку штетна што може да предизвика дијабетес. Број 1 храна која предизвикува дијабетес, според ендокринолозите е:

Рафиниран шеќер

„Прекумерната консумација на слатки и газирани пијалаци може да доведе до отпорност на инсулин, клучен фактор во развојот на дијабетес“ објаснува д-р Марија Тереза Антон, д-р ендокринолог и едукатор. „Намалувањето на додадените шеќери личи на едноставен но многу моќен чекор со контролирањето на ризикот од дијабетес“, вели таа.

Главниот медицински директор Д-р Рекха Кумар кој е воедно и ендокринолог се согласува, особено кога станува збор за пијалаци засладени со шеќер, како што се овошните сокови и газираните пијалаци. Тие се богати со калории и шеќер, честопати фруктоза, која е инсулински резистентна верзија на шеќерот“.


„Редовното уживање во слатките задоволства или храната богата со јаглени хидрати може да го зголеми нивото на шеќер во крвта. Тоа пак создава дополнителен стрес на инсулинскиот одговор на телото“ рече Д-р Антон, додавајќи дека умереноста е клучна, како и внимавањето на големината на порциите. Неколку корисни начини да престанете да се прејадувате се мерењето на храната, пиењето голема чаша вода пред оброкот и бавното џвакање.

Рафинираниот шеќер може да се пронајде во сè, од конзервирано овошје и десерти на база на млечни производи до пакувани печива. Ако имате желба за слатко, изберете свежо овошје кое ќе направи поголема разлика кога во прашање здравјето.


Шеќерот може да го најдете и во преливите за салати и сосови кои ги користиме за да го подобриме вкусот на месото.

Јаглехидрати

„Избегнувањето на храна како бел леб, слатки житарки и пржена храна може дополнително да помогне за целокупното здравје и да помогне во управувањето со ризикот од дијабетес“, вели д-р Антон.

Што да се јаде наместо тоа?


Зголемете го внесувањето на свеж зеленчук, растителни влакна и посни протеини. Со секој оброк обидете се да јадете свежа сезонска салата.
Што друго можеме да направиме за да го намалиме шеќерот?

„Развиените и активните мускули подобро го обработуваат шеќерот“ вели таа и додава дека треба околу 150 минути неделно активен тренинг и 75 минути интензивен тренинг неделно.

Тоа може да биде: трчање, планинарење или возење велосипед.


Важното за намалување на шеќерот во крвта се исхраната и вежбањето, како и намалувањето на стресните ситуации и активниот сон.

„Хроничниот стрес и недостатокот на сон влијаат на нивото на хормоните и можат да придонесат за отпорност на инсулинот. Затоа ако преземете холистички пристап кон својата благосостојба, ќе е од суштинско значење за спречување на дијабетесот и промовирање на целокупната долговечност“ рече Д-р Антон.

Додатните суплементи во исхраната можат да бидат корисни особено витаминот Д и магнезиумот. Препорачливо прво да се консултирате со вашиот лекар пред да земете било какви нови лекови или додатоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг