Овој европски град на туристите им нуди бесплатни погодности: Постои само еден услов, а можете да го исполните за 2 дена

Точка

15/05/2025

22:20

775

Големина на фонт

а а а

Главниот град на Данска повторно поведе извонредна иницијатива.

Имено властите во Копенхаген најавија дека ќе ги наградат сите туристи кои со нивното однесување ќе придонесат кон заштита на животната средина. Па така само на неколку чекори ги делат туристите од бесплатен оброк, бесплатно возење со брод или бесплатно изнајмување велосипед.


Данските власти повторно воведуваат иновативна програма за охрабрување на туристите да патуваат еколошки. Посетителите кои ќе одлучат да преземат еколошки прифатливи активности за време на престојот во Копенхаген ќе можат да сметаат на голем број бенефиции, вклучувајќи бесплатно кафе, возење со брод, вегански оброк или попусти на многу од градските атракции.

Сè што треба да направите е да останете подолго во градот, да го исчистите ѓубрето или да засадите растение. Сепак, треба да запомните дека колку е поголемо делото, толку е поголема и користа.


Но откако ќе завршите со работата, мора да отидете на веб-страницата „visitcopenhagen.com/copenpay“, каде што треба да наведете како сте придонеле за заштита на животната средина.

Кампањата ќе започне на 17 јуни и ќе трае речиси до крајот на летото. Организаторите на иницијативата најавија дека, доколку акцијата ги донесе очекуваните резултати и голем интерес кај туристите, таа ќе се прошири и во други дански градови. Меѓутоа, ова не е прв пат Данска да воведе вакво нешто. Слична иницијатива беше предложена минатата година и привлече огромен интерес, но обемот на придобивките беше многу поограничен.


Како што истакнуваат организаторите, целта на иницијативата е да ги охрабри туристите да донесуваат одржливи одлуки во текот на патувањето и да го намалат „јаглеродниот отпечаток“ од урбаниот туризам.