Членовите на екипажот на „British Airways“ биле отпуштени поради расистички снимки, во кои се исмејуваат патници од Азија.
Холи Волтон и Лорен Бреј добиле отказ откако спорното видео се појавило на ТикТок.
На снимката се гледа Волтон, облечена во сина фустан, како вели „Дајте ми вино“, имитирајќи кинески акцент, пренесува „Daily Mail“.
Покрај тоа, со рацете си коси очите, а наводно во тој момент се наоѓала во друштво на Бреј.
Двете жени биле дел од персоналот на летот „BA2157“, а снимката е направена во текот на паузата во луксузен хотел на островот Антигва.
Нивните огорчени колеги, наводно, изјавиле дека тие исмејувале кинеско семејство кое слабо зборувало англиски јазик.
Од Волтон било побарано да се врати од патувањето во седиштето на компанијата. Тогаш и бил даден отказ, како и на Бреј.
„Ако некој има расистички мисли, да ги сними и да ги сподели со светот, е подеднакво шокантно и глупаво. Ова е штетно за авиокомпанијата и казната е заслужена“, навел неименуван вработен во „British Airways“