Со денови главна тема на светската јавност е судбината на Кејт Мидлтон, но едно горчливо прашање е – зошто Бакингемската палата се упорно се труди со лаги и фотошопирани фотографии да покаже дека се во ред со неа?
Пандорината кутија ја отворија британските монарси со несмасните постапки и сега во јавноста се појави конфликт помеѓу принцот Вилијам и Кејт поради наводната афера на Вилијам со богатата маркиза Лејди Роуз Ханбери пренесуваат медиумите.
Гласините за афера меѓу принцот од Велс и маркизата од Чолмондели првпат се проширија во 2019 година, со шпекулации дека тие се гледаат од 2014 година. Приказните отидоа дотаму што имаше инсинуации дека Вилијам и Сара Роуз Чолмондели исто така имаат дете. Некои луѓе се прашуваат дали тоа е една од причините за ненадејното ’исчезнување‘ на Кејт Мидлтон. Исто така се зборува за потенцијален развод, но сè уште останува само гласина, сите се надеваат дека наскоро ќе бидат потврдени или демантирани вестите и ќе добијат одговор што се случило на принцезата од Велс.
Kate Middleton's former close friend, Rose Hanbury's name, and rumors of an alleged affair with Prince William are being thrust back into the limelight after Stephen Colbert focused his monologue on 'The Late Show' to discuss the rumors.
— Entertainment Tonight (@etnow) March 13, 2024
"According to tabloids back then when… pic.twitter.com/U4e4gyWx1E
Според таблоидите, аферата меѓу принцот и маркизата, која е долги години семеен пријател, започнала пред пет години, кога Кејт, според медиумите, за тоа се соочила со Вилијам, наводно обвинувајќи го за изневерување. Тој на тие вести „се насмеа“ и ги отфрли обвинувањата.
Познатиот комичар и водител Стивен Колбер го искористи приликата и во последна епизода на „The Late Show“ повторно го привлече вниманието на јавноста за можниот конфликт меѓу принцезата и принцот од Велс по „откривањето на аферата“.
„Хаха“ е секогаш добар изговор кога изневеруваш
„Хаха, секогаш добар одговор кога жената ќе те обвини дека ја изневеруваш. Замислете дека јас имам афера, па тоа е смешно“, Колбер бил саркастичен за наводниот разговор помеѓу Кејт Мидлтон и Вилијам.
Навел и дека сето тоа го потсетува на шега во која прељубникот збунето реагира на сознанието за постоењето на неговиот вонбрачен син. Ироничното излагање комичарот го завршил со заклучокот дека сепак срцето на принцот „припаѓа само на Кејт“.
Исто што многу е популарно да се збори се потенцијалните обиди на адвокатите на принцот Вилијам да ги прикријат приказните за аферите и да ја заштитат маркизата од Чолмондели, па така испадна Гардијан да ја објави истата вест за аферата со тоа што во едната верзија го има името на Сара Роуз Ханбери, а во втората е без да биде споменато име.
Која е Сара Роуз Чолмондели?
Сара Роуз Чолмондели (39) е поранешна манекенка која некогаш работела во ПР тимот на конзервативниот пратеник Мајкл Гоув како истражувач, но сега го користи своето „деловно време“ за да го води имотот на нејзиниот сопруг, Дејвид Роксавиџ, седмиот маркиз од Чолмондели, со кого таа има три деца.