Им предвидувале среќен брак, но тие двајцата никогаш не стигнаа до олтарот. Џорџ Клуни (64) ја пронајде среќата со адвокатката Амал Аламудин, со која се ожени во 2014 година и доби близнаци, но кон крајот на 80-тите нерскинлива врска посакувал само со својата колешка. Станува збор за Кели Престон, која важела за една од најубавите жени во Холивуд.
Кели Престон почина во 2020 година по борба со рак на дојка. Имаше 58 години. Беше во брак со Џон Траволта, а љубовната приказна помеѓу неа и Џорџ Клуни многумина ја паметат и денес. За славниот актер тој однос бил најважен, како што и самиот зборувал.
Престон се омажила за Кевин Гага во 1985 година и се развела по само две години.
Кели Престон и Џорџ Клуни се запознале на забава на која ги повикал нивниот заеднички агент. Колегата ја одвел на прошетка со својот Харли-Дејвидсон и ја воодушевил.
Сите верувале во нивната љубов.
Брзо одлучиле да започнат заеднички живот. Клуни ѝ подарил куче, кое го нарекле Макс.
Тоа била необичната идеја на Џорџ да создаде нерскинлива врска со Кели. Тој признал дека своевремено ставил храна на градникот на Кели за Макс да ѝ се приближи.
Нивната љубовна приказна не траела долго, иако многумина веруваа дека се судени еден на друг. Се разделиле во 1989 година, а Кели наскоро почнала да се забавува со Чарли Шин, се верила и потоа раскинала. Џорџ подоцна се оженил за Амал, Кели се омажила за Траволта, и двајцата добиле ќерки, на кои им го дале името Ела.