Хрватскиот претставник на Евровизија проговори за своето момче со кого живее заедно: Марко Бошњак откри дека наскоро двајцата ќе се селат од Хрватска

Точка

09/08/2025

18:11

2.472

Големина на фонт

а а а

Марко Бошњак (21), кој ја претставуваше Хрватска на Евровизија со песната „Poison Cake“, раскажал како го запознал своето момче и како го поминуваат летото. Како што дознава „Стори“, хрватскиот пејач е во врска со мистериозен Шпанец две години, а сега откри дека се селат заедно од Хрватска.

Не сме во врска на далечина. Од самиот почеток ми беше важно да бидеме физички присутни еден за друг и реков дека не можам да изградам таква врска од далеку. Потоа се пресели во Хрватска и оттогаш живееме заедно во Загреб – откри Бошњак за „Стори“.


„Сепак, наскоро започнува нова фаза бидејќи планирам да се преселам надвор од Хрватска, но овој пат ќе одиме заедно. Се запознавме во Загреб, каде што дојде да посети заеднички пријател. Не би рекол дека беше судбоносен момент, но веднаш почувствував нешто многу добро кај него. Ја има таа ретка смиреност и топлина што ме привлече“, рекол тој, но не сакал да го открие идентитетот на својот партнер.


„Со него учам да бидам поодговорен кон себе. Освен тој, за мене се важни и некои блиски пријатели и дел од семејството. Не треба да има многу, важно ми е односите да бидат искрени и мирни“,истакнал пејачот.

Марко и неговиот партнер беа снимени за првпат на брод, а сега откри како одлучиле да ги посетат хрватските острови ова лето и дека навистина им се допаднало искуството.


2Оваа година се одлучивме за малку поинаков ритам, не избравме класичен одмор, туку поминавме време на брод, посетувајќи хрватски острови и истражувајќи национални паркови. Беше многу опуштено, но и интересно искуство кое ни донесе некои важни сознанија за себе. Кога поминувате денови во природа, надвор од сè што е познато, ја запознавате и другата страна на човекот, но и себеси“, додал Марко.