Актерката Џенифер Анистон се подготвува за објавувањето на четвртата сезона од популарната драмска серија „The Morning Show“, која ќе пристигне на 17 септември. Додека обожавателите со нетрпение го очекуваат враќањето на серијата, Анистон се појави на насловната страница на септемвриското издание на списанието „Vanity Fair“.
Анистон ја игра Алекс Леви во серијата, а за таа улога ја освои наградата на Здружението на филмски актери во 2020 година
Во интервјуто, таа зборуваше за многу теми, па дури и го спомена Илон Маск.
Иако малкумина би ги поврзале Анистон и Маск, неговото име се спомена во контекстот дека е сличен со ликот, Пол Маркс во серијата.
Маркс е милијардер со голем интерес за ракети. Ви звучи познато? Новинарката забележа дека ликот на Хам „наликува на Илон Маск“.
„Воопшто не ме привлекува Маск“
Сепак, актерката веднаш ја отфрли споредбата и за основачот на „Спејс Икс“ рече:
„Воопшто не ме привлекува, на никаков начин“.
Во остатокот од интервјуто, Анистон се осврна и на тема за која ретко коментира, нејзиниот развод од поранешниот сопруг Бред Пит. Во тој период, актерката го снимаше филмот „Раскинување“ (The Break-Up).
„Беше некако катарзично да се снима тој филм. Кога ми ја дадоа понудата, беа малку нервозни бидејќи беа како:
„О, дали е ова во ред или е ова несоодветно?“. Но, всушност бев сигурна дека ова е вистинската можност. Знаев дека може да ми користи, само како човечко суштество и дека добро ќе му служи на сценариото и на ликот“, рече Анистон.
Инаку, „The Morning Show“ не се плаши да обработува вистински настани и политика (минатата сезона се занимаваше со укинувањето на пресудата Роу против Вејд во јуни 2022 година), а Анистон за „Vanity Fair“ изјави:
„Снимаш ТВ серија за политичко известување во исклучително поделено време, тоа може да биде комплицирано. Сакаш да се обратиш на сите свои гледачи.“