Кели Брук, жената со „најсовршеното тело во светот“, ги насмеа обожавателите со новото видео што го објави на социјалните мрежи.
Таа одлучи да се придружи на вирален предизвик во кој учесниците балансираат на разни предмети во високи потпетици. Сепак, не успеа успешно да го заврши предизвикот.
Но Брук не носела штикли, туку се обидела боса да го изведе предизвикот. Се качила на грбот на Џејсон Кинг, кој заедно со неа ја води емисијата „Heart FM“, и се обидела да се балансира на едната нога. Успеала да ја задржи позата три секунди додека се преправала дека чита книга, а потоа ја изгубила рамнотежата и паднала наназад.
Додека паѓала, го удрила Џејсон во главата, а потоа завршила на подот…
Инаку британската манекенка, позната по „најсовршеното тело на светот“, на почетокот од годината уживаше на романтично патување со својот сопруг Џереми Париси.
Тие се запознале преку Инстаграм и веднаш се поврзале преку нивната љубов кон фитнесот и боречките вештини, а и покрај јазичната бариера, успеале да се разберат.
На социјалните мрежи таа сподели моменти од одморот, воодушевувајќи ги своите следбеници позирајќи во цветно бикини кое ја истакна нејзината завидна фигура.
Тие го кажаа своето судбоносно „да“ во 2022 година, а Брук неодамна откри дека немаат планови да го прошират своето семејство.
Таа ја донела одлуката по разговорот со нејзината баба, која ѝ признала дека жали за мајчинството.
„Не го очекував тоа, но таа дефинитивно го кажа тоа. Мислам дека нејзините деца ѝ одземаа дел од нејзиниот живот. Помислив: „Каков искрен и неверојатен одговор“ и мислам дека токму тоа ми требаше да го слушнам“, рече Брук.
Инаку Кели претходно доживеала неколку спонтани абортуси, а таа и Џереми решиле да живеат без деца, сметајќи ги своите животи за исполнети.
Манекенката рече дека мисли оти нивниот живот е прекрасен и дека не се оптоварени од обидите да имаат деца.
Тие неодамна објавија и планови за сопствено ријалити шоу, со цел да станат новиот телевизиски „супер пар“.
Своевремено, манекенката беше успешна ТВ водителка, а исто така водеше и радиоемисија.
Таа глумеше во серии како што се „Midsomer Murders“, „Smallville“ и „Moving Wallpaper“, а се појави и во неколку филмови. Својот прв филм, „Sorted“, го сними во 2000 година.
Подоцна глумеше во филмовите „’The Italian Job“ и „Piranha 3D“.
Фигурата на Кели беше прогласена за совршена од научници од Универзитетот во Тексас, кои тврдат дека идеалното женско тело е со пополна форма, со димензии од 93 см гради, 61 см струк и 87 см колкови со ИТМ (BMI) од 18,85.
Интересно е што манекенката никогаш не се подложила на пластична операција, а на почетокот од кариерата беше позната по своето бујно деколте.
Таа гордо го покажува својот природен изглед, а папараците понекогаш успеваат да ја фотографираат на одмор каде што можеме да добиеме подобар увид во тоа како навистина изгледа нејзиното тело без никакво разубавување.
Во последните години, таа се здебелила неколку килограми и носи облека со големини помеѓу 40 и 44.