Која е богатата маркиза за кој се зборува дека е љубовница на принцот Вилијам: Ѝ ја предвидуваат иднината на Камила и сите ја обвинуваат за „исчезнувањето на Кејт“

Точка

13/03/2024

23:17

9.524

Големина на фонт

а а а

Поранешната манекенка и маркиза на Чолмондели, Сара Роуз, е во центарот на вниманието на светската јавност. Сите зборуваат за неа како љубовница на принцот Вилијам и обвинуваат за „исчезнувањето“ на Кејт Мидлтон.

Додека сите се запрашуваат каде исчезна принцезата од Велс, кралското семејство објави во јавност дека седела покрај својот сопруг во автомобилот кога биле сликани од папараци пред замокот Виндзор. Но и покрај тоа сите веруваат покрај британскиот принц Вилијам е всушност Лејди Роуз.


Сара Роуз Чолмондели (39) е поранешна манекенка која работела во ПР тимот на конзервативниот пратеник Мајкл Гоув како истражувач, но сега го користи своето „деловно време“ за да управува со имотот на нејзиниот сопруг Дејвид Роксавиџ, седмиот маркиз од Чолмондели.

Маркизот и маркизата имаат 3 деца од кои близнаците Александар Хју Џорџ Чолмондели и Лорд Оливер Тимоти Џорџ Чолмондели, кои имаат 15 години и нивната осумгодишната ќерка Ајрис Марина Алин Чолмондели.


Палата од 106 соби

Палатата со 106 соби во Хоутон Хол во Норфолк е дом на парот. Лејди Сара Роуз Чолмондели го запознала својот сопруг Дејвид кој е 23 години постар од неа на одмор во Италија во 2003 година. Шест години подоцна ја објавијале свршувачката ден пред интимната свадбена церемонија во 2009 година.

Нејзиниот татко Тимоти Ханбери бил веб-дизајнер, а нејзината мајка Ема Ханбери била модна дизајнерка. Врските со кралското семејство датираат уште од времето на нејзината баба по мајка, Лејди Елизабет Ламберт, една од девериците на свадбата на покојната кралица Елизабета Втора со војводата од Единбург.


Афера со Вилијам и речиси развод?

Долги години е во шпекулација афера помеѓу маркизата Чолмондели и принцот Вилијам и се појавија гласини дека Дејвид Чолмондели се разведува од Роуз од верување дека тој не е таткото на нивното дете туку – Вилијам.

Оваа вест сепак не потврдена, но некои извори тврдат дека е можно бидејќи Роуз и Вилијам наводно почнале да се гледаат во 2014 година, а таа забременила кон средината на 2015 година. Шпекулацијата за афера прв пат се спомена за време на третата бременост на Кејт во 2019.


Главната причина за ширењето на аферата потекнува од објавата на порталот „Марка“. За време на крунисувањето на кралот Чарлс, Вилијам пројавил желба да присуствува Лејди Роуз, додека Кејт се согласила под услов да нема никаква комуникација меѓу нив двајца.