Ова не е познатата манекенка иако и нејзините најблиски би помислиле дека е: Еве која е жената која е пресликана Кејт Мос, модната икона не е воодушевена

Точка

08/03/2024

11:27

5.179

Големина на фонт

а а а

Вистинска конфузија настана на неодамна одржаната ревија на модната куќа „Marine Serre“ на Модната недела во Париз - се појавила манекенка која неверојатно наликува на Кејт Мос, поточно изгледа како да е нејзин клон.

Интересно е што во првите извештаи од тој настан дури некаде се пишувало дека „Кејт Мос прошетала по пистата“. На Инстаграм, каде што беше објавено видео од модната ревија, луѓето не можат да се изначудат колку личат овие две жени. Но, славната Британка не е воодушевена од целата ситуација.

На пистата не била Кејт Мос, колку и да звучи чудно, туку Денис Онона, која на Инстаграм се претставува под профилот @imnotkatemoss. Оваа манекенка на мрежите често ја имитира модната ѕвезда, а секој пат покажува колку личи на познатата Британка.

Одлуката на брендот „Marine Serre“ да ангажира двојничка на Кејт Мос зачуди многумина, а и самата Кејт не била воодушевена. Модната икона ја налутила имитацијата на нејзиното препознатливо чекорење по пистата.


„Кејт не ја прифаќа шегата. Наводно сето ова не ѝ ласка, не ѝ се допаѓа. Таа нема ништо против нејзината двојничка, нема омраза или нешто што се граничи со бес кон неа. Но, таа едноставно не е љубител на тоа и би била среќна ако сето тоа исчезне. Обидот да се ископира нејзиниот начин на одење навистина не помина добро, тоа беше најнепријатниот дел за неа“, изјавил извор за „Daily Mail“.

Мос беше на Модната недела во Париз, во публиката, но на некои други ревии како ревијата на „Saint Laurent“, која ја гледаше со својата ќерка Лила Грејс Мос Хак.