[ВИДЕО] Овие пет интересни филмови доаѓаат на Нетфликс во март

Точка

05/03/2024

14:00

2.017

Големина на фонт

а а а

Март ќе биде идеален за љубителите на седмата уметност. Судејќи според насловите кои доаѓаат на стриминг платформата, овој месец нема да недостасуваат добри филмови за гледање.

Истакнуваме пет од најинтересните филмови кои доаѓаат на Нетфликс во март.

„Spaceman“

Во филмот „Spaceman“ главната улога ја толкува Адам Сендлер, кој го игра чешкиот астронаут Јакуб, на мисија на Венера. Тој бил првиот астронаут на Земјата, на кој му се пружила прилика да оди во вселената. Сепак, неговите амбиции ја жртвуваат врската со неговата сопруга Ленка (Кери Малиган), поради што тој почнува да жали што отишол во вселената. На својата мисија, Јакуб запознава неочекуван придружник, суштество кое го именува Ханус (Пол Дајно), кое ќе му помогне да донесе важни одлуки и да сфати како да ја поправи својата ситуација пред да биде предоцна.

„Damsel“

„Damsel“ е авантура која се одвива во фантастичниот свет на средниот век. Фокусот на филмот е млада девојка, која се мажи за принцот на кралското семејство, мислејќи дека тоа ќе доведе до совршен живот. Меѓутоа, таа не знае дека всушност била избрана да биде жртвувана за семејството да отплати антички долг. Откако се разбудила во пештерата на змејот, таа сфаќа дека никој не доаѓа по неа, па затоа треба да се спаси. Главната хероина на филмот ја игра Мили Боби Браун.

„Top Gun: Maverick“

Кога ќе се најде во улога на инструктор на тимот од млади пилоти на Топ Ган за специјализирана мисија, каква што ниту еден пилот досега не видел, Маверик (Том Круз) го запознава Бредли Бредшо (Мајлс Телер), син на неговиот покоен пријател Ник Бредшо. Соочувајќи се со неизвесна иднина и духовите од своето минато, Маверик е вовлечен во конфронтација со неговите најдлабоки стравови, што кулминира со мисија која бара крајна жртва од оние кои се избрани да летаат.

„The Matrix Resurrections“

Во новиот дел од научно-фантастичната сага, Нео (Кијану Ривс) и Тринити (Кери Ен Мос) очигледно се живи и здрави, но нивните умови се заклучени во „матрицата“, која стана поопасна. Тие не се сеќаваат нивното минато. Но, Нео во своите соништа гледа моменти од она што се случувало во претходните филмови. За да открие што е навистина реално, ќе мора уште еднаш да влезе во „матрицата“.

„Shirley“

Заплетот на филмот ја следи политичарката Ширли Чишолм во трката за претседател на Соединетите Американски Држави. Во 1972 година, Чишолм стана првата жена со темна кожа која побара номинација за претседател, а пред тоа, во 1968 година, таа стана првата жена со темна кожа избрана во американскиот Конгрес. Главната улога во филмот ја толкува Реџина Кинг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг