Еден од најзгодните холивудски актери се разведува? Со овој потег покажа дека на љубовта ѝ дошол крајот, фановите слават што ја оставил 23 години постарата сопруга

Точка

07/09/2024

20:19

5.861

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи буквално настана хаос меѓу фановите, бидејќи актерот Арон Тејлор-Џонсон (34) е виден во јавноста без бурма.

Арон и неговата сопруга Сем се во брак 12 години, а точно толку време предизвикуваат разни коментари, бидејќи таа е 23 години постара од него. Сепак, се чини дека нивната љубов не опстана.

Арон на Филмскиот фестивал во Венеција се појави без сопругата Сем, а само неколку дена по овој настан папараците го фотографираа како се шета низ Лондон без бурма на раката.


Очекувано, на интернет настана хаос, а неколку обожавателки се снимале како танцуваат од среќа бидејќи постои можност холивудскиот фраер да се разведува.

„Арон Тејлор-Џонсон е забележан без бурма и буквално целиот свет навиваше ова да се случи“, гласи еден коментар на социјалната мрежа X.


Можеби е прерано за овие фанови да го слават разводот бидејќи Арон носеше бурма на фестивалот во Венеција и последен пат беа видени заедно на Вимблдон во јуни.

Актерот го бранеше својот брак во интервју за „Rolling Stone“ во март.

„Она што треба да го разберете е дека она што повеќето луѓе го правеа во своите 20-ти години, јас го правев кога имав 13 години“, рече Арон.


Парот се запознал на снимањето на биографскиот филм за Џон Ленон во 2009 година, „Nowhere Boy“, кога Сем имала 42, а Арон 18 години. Двајцата се во брак 12 години и имаат две деца, Вајлдa (13) и Роми (12). Сем, исто така, има две ќерки од врската со Џеј Џоплинг, Анџелика (27) и Џеси (18). Интересно е тоа што Арон е само 7 години постар од нејзината ќерка.

Гласини за изневерување

Минатата година се слушнаа првите гласини за прељуба - згодниот актер наводно ја изневерил сопругата со помладата колешка Џои Кинг, со која глумеше во хит филмот „Bullet Train“ од 2022 година.


Неименувани извори тврдат дека Џои и Арон се зближиле во Париз, каде што го промовирале споменатиот филм.

Дека ова е сепак прилично неосновано тврдење говори фактот дека во тој момент во француската престолнина на Арон му правела друштво токму сопругата. Исто така, и самата Џои е во среќна врска; таа се сврши со продуцентот Стивен Пиет во март 2022 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг