Актерката и пејачка Џенифер Лопез прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Торонто во „одмазднички“ фустан, кој на сите им ја подигна температурата.
Таа присуствуваше на премиерата на филмот „Unstoppable“, а кога се појави, никој не се интересираше за оваа продукција.
Атрактивната Лопез се појави во непријатно издание, и сето тоа неколку дена откако поднесе барање за развод од сопругот Бен Афлек. Диско фустанот, со црни машнички на страна беше вистинско уживање.
Рабовите на фустанот речиси ги немаше, па ни долната облека, бидејќи кога Џеј Ло се сврте, на сите им беше јасно дека не сака ништо да препушти на фантазијата.
Таа самоуверено им позираше на фотографите, свесна дека изгледа како милион долари. Фотографиите брзо станаа вирални, а сите коментираа дека таа на Бен му испратила порака „Види што изгуби!“
From Jenny on the Block to Jennifer in the Six. @JLo was simply UNSTOPPABLE at #TIFF24 tonight. 📸Kayla Rocca pic.twitter.com/zIrJ7resUQ
— TIFF (@TIFF_NET) September 6, 2024
Борбата за милиони
Светската поп сензација Џенифер Лопез поднесе барање за развод од сопругот на актерот Бен Афлек, по две години брак. Тие двајца немаат потпишано предбрачен договор, а прашање е како ќе го поделат имотот проценет на 640 милиони долари.
По неколкумесечни шпекулации за развод, актерката во вторникот поднела барање за развод, а како што објави Дејли Мејл, двајцата не потпишале предбрачен договор, со што би се решило имотното прашање.
Како што понатаму се наведува во споменатиот труд, како датум на разделба на брачната двојка бил наведен 26 април, а барањето било поднесено на годишнината од бракот на 20 август.
Отсуството на предбрачен договор сугерира дека заработката на ѕвездите во текот на двете години заедно ќе се класифицира како „имот на заедницата“.