Додека Кралот Чарлс се бори со канцерот, кралицата Камила го поминува своето време со поранешниот сопруг: Новите фотографии јасно ја покажуваат нивната блискост

Точка

06/09/2024

22:07

4.173

Големина на фонт

а а а

Кралицата Камила овој четврток беше снимена во друштво на нејзиниот поранешен сопруг Ендру Паркер, на промоцијата на книгата „Готвењето и круната: кралски рецепти од кралицата Викторија до кралот Чарлс Трети“ на нивниот син Том Паркер Боулс.

Камила и пензионираниот офицер му даваа поддршка на синот заедно со ќерката Лаура Лопез (46), сестрата на Камила Анабел Елиот (75) и внуката на Ендру, Луиза.


Камила и Ендру беа во брак 22 години, а сега покажаа дека и покрај сè сепак останале во коректни односи, а папараците ги снимија додека разговараа. Кралицата блескаше во бел макси фустан со туфни и не ја криеше среќата и гордоста поради нејзиниот син. Инаку книгата на Том ги содржи кралските рецепти, а ќе биде објавена кон крајот на септември.


Камила и Ендру беа во брак од 1973 година до 1995 година, а се разведоа откако Чарлс (тогашниот принц) призна дека имал афера со Камила.


Сепак Камила и нејзиниот поранешен маж се изневеруваа еден со друг, а тоа што е особено интересно е дека и двајцата знаеја за изневерувања, но и покрај тоа не размислуваа за развод. Меѓутоа работите се сменија кога аферата на Камила стана јавна.


Инаку во тоа време Ендру имал афера со Роузмари Питман со којашто подоцна се ожени. Роузмари почина во 2010 година, а на нејзиниот погреб присуствуваше и Камила.

Потсетуваме, јавноста беше огорчена на аферата на Камила поради принцезата Дијана којашто почина во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година.


„Бевме тројца во бракот па се создаде мал метеж“, изјави Камила во текот на интервјуто од 1995 година. Дијана и Чарлс се разведоа во 1996 година, а јавноста беше на страната на Дијана, чијашто смрт многумина сè уште не можат да ја прежалат.

Чарлс се ожени со Камила на деветти април 2005 година, а сега нивната годишнина од бракот се поклопува со датумот на смртта на таткото на Чарлс, принцот Филип, којшто почина на тој датум во 2021 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг