Бора Ѓорѓевиќ, легендата на српската и југословенската рок-сцена, почина денес на 71-годишна возраст во Љубљана по битка со болеста. Да потсетиме, тој во последните неколку дена беше хоспитализиран поради влошената здравствена состојба. Тажната вест ја потврдија и членовите на бендот „Рибља чорба“.
„Почитувани пријатели, со тага и жалост ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ нè напушти. Почивај во мир драг наш Боки“, се вели во соопштението на групата „Рибља чорба“.
Poštovani prijatelji,
Sa tugom i žalošću obaveštavamo vas da nas je napustio naš prijatelj i brat, Borisav Bora Đorđević.
Počivaj u miru dragi naš Boki.
Borisav Bora Đorđević
01.11.1952- 04.09.2024
Posted by Riblja Čorba on Tuesday, September 3, 2024
Бора Чорба и како пејач и како текстописец зад себе остави неверојатен број хитови, сосема сигурно со својата музика ги одбележаа животите на многу луѓе низ Србија и регионот. Тој беше великан меѓу музичарите, некој чии ги знаат сите без разлика на нивниот префериран жанр.
Една од песните која без сомнение е меѓу најистакнатите во неговата кариера, но и една од најпознатите српски балади досега е „Pogledaj dom svoj, anđele“, а Бора токму со ова го завршуваше секој свој концерт.
Песната е создадена сосема спонтано во 1985 година и е дел од албумот „Истина“. Бора ја пишувал токму во времето кога бил бунтовник и немилосрдно го критикувал светот околу себе.
Во песната, фронтменот на „Рибља чорба“ им се обраќа на „ангелите“ кои не сакаат да видат какви страшни работи се случуваат во светот околу нив, па ги повикува да направат нешто и да променат сè со тоа што ќе станат „ангели на одмаздата“, пренесува „Политика“.
Песната го носи името по истоимениот роман на Томас Вулф, кој се занимава со годините на американската криза, а Ѓорѓевиќ своевремено открил дека песната речиси сама се напишала.
Во песната, фронтменот на „Рибља чорба“ им се обраќа на „ангелите“ кои не сакаат да видат какви страшни работи се случуваат во светот околу нив, па ги повикува да направат нешто и да променат сè со тоа што ќе станат „ангели на одмаздата.“, пренесува „Политика“.
Песната го носи името по истоимениот роман на Томас Волф, кој се занимава со годините на американската криза, а Ѓорѓевиќ еднаш откри дека песната речиси сама се напишала.
„Песната „Pogledaj dom svoj, anđele“, е создадена на необичен начин, затоа што е напишана сама по себе. Одеше против мојата волја, сликите сами доаѓаа. Не е најправилната рима, но така ми дојде“, раскажал Бора Ѓорѓевиќ.
Ја пишував многу долго како би бил целосно задоволен со секој збор. И тогаш песната имаше свој живот. Звучи различно на секое место – кога бендот ја свири, кога хор ја пее или пак свири симфониски оркестар, поинаку звучи во уништениот Вуковар, каде што имаше само деца во публиката, поинаку звучи во Штрпац на Косово и Метохија“, своевремено зборувал Ѓорѓевиќ.
Ѓорѓевиќ раскажал и за една неверојатна ситуација која му се случила за време на настап во Штрпац, а се однесува на оваа песна.
Како што објаснил Бора, по концертот отишол во соблекувалната да се пресоблече, во тој момент влегла Французинка, „припадничка на окупаторските сили“, која, како што вели, го замолила да пее уште.
„Никогаш не сум видела луѓе кои се смеат и плачат истовремено“, рече таа, се сеќавал Бора. „Нема ниту да видиш, нема да го разбереш тој народ“ ѝ одговорил тој.
Инаку песната „Погледај дом свој, анђеле“, е избрана и за песна на деценијата (1980-1990).
Ѓорѓевиќ се присетил и како во Виена на железничката станица хорот на „Првото српско пејачко друштво“ ја испеале „Pogledaj dom svoj, anđele“, од возот кој штотуку требало да тргне.
„Тоа беше сосема нереална ситуација. На празниот перон стојам, гледам и плачам – ги слушам како пеат како ангели. Тоа беше прв пат во историјата на австриските железници воз да задоцни со своето тргнување, бидејќи дури кога заврши песната го пуштија возот да тргне“, рече Ѓорѓевиќ, кој своевремено открил дека предложиле оваа нумера да биде српска химна.
„Интересно што една сериозна песна е толку слушана. Дури постоеше и една група на луѓе кои сакаа да предложат оваа песна да биде српска химна. Секако, ние имаме наша химна, но тоа го сфатив како комплимент“, раскажувал Ѓорѓевиќ во минатото.