[ФОТО] Јелена Карлеуша носеше модна ревија во Париз рамо до рамо со Џорџина Родригез и други светски ѕвезди

Точка

02/03/2024

08:22

13.622

Големина на фонт

а а а

Јелена Карлеуша носеше ревија на модната недела во Париз заедно со светските ѕвезди, меѓу кои и Џорџина Родригез.

Станува збор за колекција на луксузниот моден бренд „Vetements“, кој е основан пред 10 години и речиси веднаш стана еден од омилените брендови на бројни познати личности, меѓу кои Ријана, Канје Вест и Мадона.


Српската пејачка на ревијата носела сива маичка со широки црвени панталони со странични линии и го привлече вниманието со избелените веѓи.


Како што споменавме, на пистата прошета и свршеницата на Роналдо, Џорџина Родригез, која носеше фустан во облик на дрес со неговото име и број.

Во шоуто учествуваа и Анвар Хадид, Александар Едвардс, Марша Крос, Вини Харлоу, Наталија Водјанова и други.

„Vetements“ е бренд основан од браќата Гурам и Демна Гвасалија, но во 2019 година, Демна го напушти брендот и започна да работи со „Balenciaga“.

„Мислам дека брат ми е многу талентиран, но јас имам сосема поинаков пристап кон работите. Тој беше славен 10 години, но мислам дека на неговата ера ѝ се приближува крајот. Сега е моето време“, изјави Гурам во интервју за „The New York Times“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг