Вознемирувачки фотографии! Судијка удри со глава во камера

Точка

26/02/2024

16:31

4.128

Големина на фонт

а а а

Бетис со 3-1 го совлада Атлетик Билбао во 26. коло од Шпанското првенство, но натпреварот остана во сенка на повредата на линискиот судија.

Гвадалупе Порас Ајусо, која била помошен судија на споменатиот натпревар, ја напуштила играта после само 15 минути.

И се случило нешто што многу ретко гледаме на фудбалските терени. Додека трчала, за да ја проследи акцијата, удрила со глава во камерата и завршила со крв. Имено, во 13-тата минута по брзата контра на домашниот тим падна и голот за 1-0. Таа трчала со знаменцето во рака за да се постави во линијата со последниот играч на гостинската одбрана за да забележи евентуален офсајд. Офсајд немало, Езикјел Авила постигнал регуларен гол, а додека целиот стадион се радувал, Порас лежела на тревата со крваво лице бидејќи при трчањето удрила во камерата.

Лекарите веднаш и притрчале на помош, но не можела да го продолжи натпреварот, па наместо неа продолжил четвртиот судија Нестор Кастељанос. Итно била префрлена во болница, а за среќа, последиците од ударот не биле сериозни.

Фотографиите се навистина вознемирувачки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг