Вардар е домаќин на Арсими на денешниот меч од Првата македонска фудбалска лига, натпревар закажан а 19 часот на стадионот на комплексот на ФФМ.
Ова ќе биде меч на кој официјално ќе дебитира новиот стратег, искусниот Миодраг Гроф Божовиќ, а целта е една и единствена, триумф и освојување на трите бода со кои ќе се намали заостанувањето зад Шкендија која во оваа рунда загуби од Тиквеш.
- „Мотивите се максимални, одиме на победа. Ништо друго не е опција“, порачуваат од таборот на „црвено-црните“ за официјалниот сајт на ФФМ.
Меѓутоа и Арсими не доаѓа со бело знаме во Скопје и ќе се обиде да оствари позитивен резултат.
- Го почитуваме шампионот Вардар, но одиме да играме фудбал и да се бориме до крај. Ќе го дадеме максимумот во секоја минута. Создадовме многу шанси и покажавме квалитет. Тоа ни дава верба дека можеме да се спротивставиме и на најсилните.
- Ветувам дека ќе се бориме до крај. Ќе дадеме се од првата минута до последниот свиреж. Се надевам дека на крај ќе вратиме од Скопје со позитивен резултат, - порача дефанзивецот Мухједин Дардишта.








