Капело објасни зошто Рома може да го предизвика Интер во борбата за Скудетото

Дерби

07/09/2026

11:55

98

Големина на фонт

а а а

Рома и Интер се двете екипи кои го одбележаа досегашниот дел на сезоната во Серија А, две екипи кои ги добија сите три натпревари и се на делба на првото место на табелата.

Ако во првите две рунди имаа рутински задачи, во тековново коло се соочија со интересни предизвици, меѓутоа соодветно одговорија и со чудесни пресврти ги добија Аталанта, односно Наполи.

Фабио Капело како човек кој целиот живот е во фудбалот со внимание и понатаму ги следи сите случувања и од негов стручен агол објасни зошто „волчицата“ би можела да му биде главен конкурент на Интер за Скудетото.

- Рома игра еден на еден, целосно подготвена и пред сè, има проактивен стил во кој сите си помагаат едни на други. Кога имате четири или пет квалитетни играчи во последната третина кои знаат како да комуницираат во тесни простори, порано или подоцна нешто се случува. И против Аталанта, конечно дојде победничкиот гол. Гасп сакаше по двајца стартери во секоја улога и беше во право. Резултатите можеа да се видат на Олимпико во сабота, со замените во второто полувреме.

- Сите играат со иста желба за победа бидејќи разбираат дека се конкурентни. Не сум видел ниту еден играч на Рома кој досега играл со став на некој што се чувствува навредено што е замена за време на натпреварот, -вели Капело кој е последниот стручњак кој има донесено лигашки пехар за Рома.

- Секогаш сум убеден дека се потребни играчи за да се победи. Но, во Рим е вистина дека лесно преминуваме од егзалтација во депресија: рамнотежата е секогаш неопходна, малку смиреност: можеби некој ги препознава овие карактеристики кај Гасп и мене, - порача дон Фабио.