Пари Сен Жермен беше најдобра екипа во Европа во претходните две сезони, а таа цел ја има поставено и за натпреварувачката 2026/2027.
„Светците“ направија одредени корекции во играчкиот кадар во текот на летниот преоден рок со тоа што дефинитивно најголемo, најзначајно заминување е она на офанзивецот Бредли Баркола кој се пресели во Ливерпул.
Премиерлигашот ќе издвои 123 милиони фунти за Французинот за кого Луис Енрике жали што нема да може да смета во иднина, ама во исто време не можел да му го исполни барањето на напаѓачот и да му вети клучна улога во тимот.
-Неговиот случај е малку поинаков за мене бидејќи тој многу напредуваше во Париз откако пристигна од Лион. Понатаму, тој значително го подобри тимот со своите перформанси. Неговата желба беше да игра поважна улога во тимот, нешто што не можев да му го гарантирам. На крајот на краиштата, верувам дека сите имаат корист од оваа ситуација. Јас прифаќам и му посакувам се најдобро. Многу сме среќни што ја започнуваме сезоната со овој состав.
-Тој сакаше да си замине затоа што сакаше повеќе минути и поголема улога во тимот. И тоа е нешто што не можам да му го гарантирам на ниту еден играч, бидејќи мора да го заработите на тренинзите и на натпреварите. Тој беше многу важен и е играч кој е многу сакан од неговите соиграчи. Тешко е за сите затоа што Бредли е неверојатна личност. Зборував само позитивно за него. Во иднина, ќе биде нормално играчите кои биле многу важни за тимот да си заминат, но таков е животот, мора да го прифатите тоа, -одговори јасно и директно шпанскиот стручњак.







