[ФОТО] Страсно и дамски, еднобојно, но никако здодевно: Стајлингот на Селма Хаек е лекција за монохроматски стил

Точка

24/02/2024

17:00

8.544

Големина на фонт

а а а

Популарната актерка ја посетила ревијата на модната куќа „Gucci“ и од глава до пети била облечена со модни парчиња од овој бренд.

Модниот месец продолжи со Модната недела во Милано, каде вчера италијанскиот бренд „Gucci“ ја претстави колекцијата за претстојната есен/зима, а иако на ревијата присуствувале поголем број од ѕвездите, најзабележителна била мексиканско-американската актерка Селма Хаек.


Нејзиниот сопруг Франсоа Анри Пино, е извршен директор на компанијата „Kering“ која во своја сопственост има голем број модни куќи, вклучувајќи ја и „Gucci“, па парот привлекол многу внимание на еден од најважните настани во годината.

Во состав со приликата, Селма носела „Gucci“ гардероба и тоа еднобојна модна комбинација која дава впечаток на отменост.

Овојпат изборот на Селма бил кратка, кожна јакна, лакиран модел од класичен дизајн со црни детали и здолниште до колена со рамен крој.


Стајлингот го надополнила со сандали на висока потпетица, исто така лакирани, како и култната чанта „Jackie 1961“, инспирирана од некогашната прва дама на Америка, Џеки Кенеди.

Со мудро комбинирање на мат и сјајни модни парчиња, Селма постигнала вистинска доминација во својот изглед, па делувала многу инспиративно.


Инаку, Селма е во брак со Пино од 14 февруари 2009 година, а парот заедно ја има ќерката Валентина Палома Пино, додека пак сопругот на Селма има деца и од претходни врски, меѓу другото и од врската со манекенката Линда Еванџелиста.

Ви се допаѓа ли ова модно издание на Селма Хаек?




Спонзорирани линкови

Маркетинг